„Логвин солушнс Македонија“ станува дел од австриски „Квенбергер логистик“

Bez autora
Jan 20 2014

Штипската логистичка фирма „Логвин солушнс Македонија“ оствари забележителен напредок со зајакнување на својата позиција и кон исток. Во почетокот на оваа година таа стана дел од една од поголемите европски логистички компании „Квенбергер логистик“ со седиште во Салцбург, Австрија. Кристијан Фирсталер, генерален менаџер на австриската логистичка компанија, вели дека во почетокот на 2014 година презеле пет филијали од „Логвин АГ“ во источна Европа, меѓу кои и филијалата на „Логвин“ во Македонија, чие седиште е во Штип, а има своја филијала и во Скопје. Тринаесет нови филијали ја збогатуваат мрежата на "Квенбергер логистик" на вкупно 79 локации, меѓу кои и филијалата во Македонија. Со дополнителни 36.400 квадратни метри магацински простор нашата компанија веќе располага со над 190.000 квадрати за складирање и утовар, односно истовар. Ова претставува уште една квалитетна пресвртница во нашето работење. Ние продолжуваме да идентификуваме големи можности на исток и постојано да ја подобруваме нашата позиција на пазарот, ни изјави Кристијан Фирсталер.

„Логвин солушнс Македонија“ станува дел од австриски „Квенбергер логистик“Штипската логистичка фирма „Логвин солушнс Македонија“ оствари забележителен напредок со зајакнување на својата позиција и кон исток.

Во почетокот на оваа година таа стана дел од една од поголемите европски логистички компании „Квенбергер логистик“ со седиште во Салцбург, Австрија. Кристијан Фирсталер, генерален менаџер на австриската логистичка компанија, вели дека во почетокот на 2014 година презеле пет филијали од „Логвин АГ“ во источна Европа, меѓу кои и филијалата на „Логвин“ во Македонија, чие седиште е во Штип, а има своја филијала и во Скопје.

„Тринаесет нови филијали ја збогатуваат мрежата на ’Квенбергер логистик‘ на вкупно 79 локации, меѓу кои и филијалата во Македонија. Со дополнителни 36.400 квадратни метри магацински простор нашата компанија веќе располага со над 190.000 квадрати за складирање и утовар, односно истовар. Ова претставува уште една квалитетна пресвртница во нашето работење. Ние продолжуваме да идентификуваме големи можности на исток и постојано да ја подобруваме нашата позиција на пазарот“, ни изјави Кристијан Фирсталер.

Во заедничкото соопштение од двете компании се вели дека новододадените локации од „Логвин“ во Штип и во Скопје се однесуваат на пазарот во Македонија кој од перспектива на текстилната и автомобилската индустрија е многу интересен за „Квенбергер логистик“. Новите локации на компанијата во Белград, Софија, Букурешт и Клуж Напока во Романија ја зајакнуваат соодветната организација во земјите на „Квенбергер“. Збогатена со 13 нови локации компанијата ја зајакнува својата транснационална мрежа во Источна Европа. Со дополнителни седум локации, пак, масовно ја зголемува својата позиција во Хрватска, новата членка на ЕУ. Влезот на пазарот во оваа држава следуваше минатата година по преземањето на управување со националната мрежа на локации.

„’Логвин солушнс Македонија‘ има дводецениско искуство во сферата на логистиката на текстилното производство и збирниот транспорт. Со станувањето дел од ’Квенбергер логистик‘ ние само го прошируваме својот логистички бизнис и во сферата на сервисирањето на услугите за автомобилската и малопродажната индустрија. Покрај досегашната логистичка активност преку мрежата во Западна Европа, со пристапувањето во ’Квенбергер логистик‘ се проширува нашата мрежа и во земјите од Источна Европа, со што ќе имаме можност да ги поврземе бизнисите на македонските компании со нивните партнери и од Источна Европа. Со ваков развој на компанијата се овозможува пристап до пазарите од цела Европа и нашиот развој придонесува за зголемување на конкурентната предност на Македонија во однос на другите земји од регионот“, вели Трајан Ангелов, управител на „Логвин солушнс Македонија“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik